Рет қаралды 285
12.08.2009, Филип Втори Арена Скопје
Пријателски натпревар.
Пријателски натпревар против светскиот број 1 на ФИФА ранг листата, во чест на отворање на новата северна трибина на Филип Втори Арена, пред 25.000-на публика. Пред почетокот на натпреварот Фудбалската федерација на Македонија по повод простувањето од националниот дрес на Артим Шакири му додели благодарница за одиграните 72 натпревари и 15 постигнати голови. Исто така, на овој натпревар се одбележаа "100 години фудбал во Македонија".
Македонија: Николоски, Новески, Попов, Седлоски, И.Митрески, Шумуликоски, Пандев, Наумоски, Деспотовски, Георгиевски, Стојков (замени: Пачовски, Мојсов, Лазаревски, Ибраими, Ивановски, Тасевски, Грозданоски)
селектор: Мирсад Јонуз
Шпанија: Рејна, Арбелоа, Пујол, Пике, Капдевиља, Казорла, Чаби Алонсо, Чави, Силва, Виља, Торес (замени: Лопез, Монреал, Фабрегас, Бускетс, Марчена, Риера, Гуиза)
Стрелци: Пандев 8', Пандев 33', Торес 50', Пике 54', Риера 55'