Рет қаралды 3,545
Од прв вицепремиер до бегалец. Како токму кога Артан Груби ја преминал границата камерите не работеле, a полициаецот "не видел дека е на "стоп -листа"? Зошто функционерот за кој целиот мандат имаше обвинувања за криминал мораше да заврши на американската црна листа за да се разбудат македонските институции? Сите се колнат во борба со корупција, а во земјава епидемија од неа - до кога празно зборови наместо дела? Може ли да одговара претседавачот со седницата на Влада за колективна одлука на самата Влада?
Дебатираат Билјана Ивановска поранешна претседателка на ДКСК, Злате Димовски универзитетски професор од Факултетот за безбедност и Туше Гошев адвокат и поранешен министер за правда.