360° season 10, show 69 - ЕУ и САД нема да прифатат распуштање на Судскиот и Советот на обвинители

  Рет қаралды 9,293

360 Stepeni

360 Stepeni

18 күн бұрын

Broadcasted on June 10, 2024 (Monday) on MRT1 at 20.15.
Во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1 гостува Кренар Лога, сè уште актуелен министер за правда, кадар на Алијанса за Албанците на Зијадин Села, која на последните избори настапи во коалиција со ДУИ (Европски фронт). Лога го прашуваме дали му е јасно што се случи политички во петокот навечер кога се сретнаа делегации на ВМРО-ДПМНЕ и на Европски фронт, по што, од пратеници на коалицијата предводена од ДУИ, дојде клучната поддршка за да се стигне до двотретинско мнозинство за носење на измените на законот за реорганизација на министерствата. Едно од прашањата е и која теза му е поблискa - дека се работи за пазар меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ поврзан со потенцијално кривично гонење на дел од првенците на ДУИ или дека Ахмети, свесен оти двајцата пратеници Турци од неговата коалиција и Мендух Тачи секако ќе гласаат за измените на законот, сакајќи да спречи перцепција дека Европски фронт се распаѓа, решил и дел од пратениците на ДУИ да го поддржат законот. Тема, исто така, е идното позиционирање на оваа коалиција во парламентот. Со Лога разговараме и за писмото што минатата недела го испрати на дел од амбасадите во земјава, но и до Брисел и Вашингтон, со кое изразил загриженост за најавите на ВМРО-ДПМНЕ за распуштање на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители.

Пікірлер