Рет қаралды 298
„Треба да се одговори на сопственото прашање ’Кој сум јас?’ за да може да се влезе во творештвото на Горан Стефановски.“
„Тој ги препознаваше проблемите и ситуациите пред да настанат, додека останатите не бевме ни свесни дека тие лебдат и дека повторно ќе се појават.“
На 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ, на 25 август 2022 година, на курсот по литература разговаравме со култниот режисер, Слободан Унковски - за Горан Стефановски и неговото творештво, по повод 70 години од неговото раѓање.
„Горан го преведе нашето битие, нè преведе нас, нè артикулираше... Неговите драми се доказ за нашето постоење.“
„Секоја генерација ќе си најде свои интереси, текстови и теми во опусот на Горан Стефановски.“
Разговаравме и за соработката на двоецот Стефановски-Унковски, за поставувањето на драмските текстови на сцените ширум Европа, за рецепцијата на Горановите драми...