Градење т.н. Marketplace со Никола Јодановски од UpShift -

  Рет қаралды 707

#комкаст - marketing & media vlog

#комкаст - marketing & media vlog

Күн бұрын

Знам, знам maketplace ќе му дојде на македонски пазар, ама низ годиниве во англискиот јазик токму овој збор го пошити своето значење и сега кога ќе се каже maketplace се мисли на дигитален сервис каде во исто време и исто место се сеќаваат понудата и побаувачката а создавачиот на тој сервис е многу повеќе од само пониудувач на заеднички постор.
Во 98 издание на #комкаст со Никола збоуваме токму за еден ваков севис. UpShift можеби не е најкласичниот SaaS кој би го помислиле кога ќе спомнеме digital marketplace ама еднакво ги носи со себе сите (маркетинг) предизвици.
Во епизодата зборуваме за :
што е и како функционира UpShift
како развива нови пазари
како се расте понуда и побарувачка
како се обезбедува паралелен развој на понудата и побарувачката
(бизнис) аналитика
огласување
________________
Претплатете се на нашиот KZbin канал: bit.ly/3oGjbQ7
Слушајте нè на:
Spotify: spoti.fi/3oHztZ4
Deezer: bit.ly/3qZZX87
iTunes: apple.co/31TUeXw
Google Podcasts: bit.ly/3kEqkxK
Anchor.fm: anchor.fm/komkast
_________________
#комкаст е подкаст за маркетинг, нови медиуми, дигитална трансформација и дигитална култура. Подкастот е дел од блогот komunikacii.net, креиран во 2005 година. Зад блогот стојат Дарко Булдиоски, Сеад Џигал, Наталија Стефановска, Мите Кузевски а од пред некоја година и целиот тим на маркетинг агенцијата NewMediaMK.
#комкаст започна како аудио издание во 2011 година кое беше емитувано и на РадиоМОФ. Во својата историја полна со паузи го менуваше својот формат и своите домаќини, но секогаш остана верен на своите теми. Сите епизоди се достапни на komunikacii.ne...

Пікірлер: 11
@reddevilv7
@reddevilv7 3 жыл бұрын
Прва епизода што ја слушав на моб и ми се допаѓа. Добра содржина на мак. јазик. Тоа е тоа што го барав.
@komkastMK
@komkastMK 3 жыл бұрын
Фала Виктор, баш ни е драго. Имаш за глеаше сега... ;) Барем уште 2-3 од последниве десетина треба да изгледаш :D
@martamanevska465
@martamanevska465 3 жыл бұрын
Супер ти се комкастите и супер интересни гости. Дали може следен пат да слушнеме како гостите твои дошле до успехот и препорачување на некоја книга/филм/серија?
@darko156
@darko156 3 жыл бұрын
Благодарам за пофалните зборови Марта. Патот до успехот е емисија на друга телевзија... :D Се шегувам... фокусот на дискусиите најчесто е маркетинг, не самиот бизнис иако често се провлекуваат и такву муабети. За книги... тоа се зависи како ќе не наведе муабетот, на пример во видеото со Јоцо Тодоровски има и линкови и препоачани книги и сл. Во секој случај може да размислиме да воведеме и некое редовно прашање од овој тип.
@kalinmarkovic1745
@kalinmarkovic1745 3 жыл бұрын
ОМГ, не е едитиран делот кајшто се станува за гасење клиима, јас сум ШОКИРАН!
@komkastMK
@komkastMK 3 жыл бұрын
Абе и јас подоцна приметив, ама касно беше :D Додава на спонатаност ;)
@SheldonCoopermk
@SheldonCoopermk 3 жыл бұрын
Отсекогаш ми се свиѓа она што го прават Комуникации.нет ама има еден интересен момент кај нив - ги гледам/читам/слушам и супер ми се, ама не ме враќа назад, не ми текнува да се вратам и повторно да ги читам/слушам/гледам. Пред 10 години го открив сајтот, и супер беше ептен нешто што ме интересира, после тоа 2 години сигурно не го отворив. После 2 години пак го отворив и си реков „ех добар сајт беше овој зошто не го следам повеќе“ и пак истата приказна.... има нешто што не те тера да се вратиш.
@komkastMK
@komkastMK 3 жыл бұрын
Ти благодариме за искрениот коментар. Ама ќе ни биде уште повеќе од помош ако се обидеш да направиш уште еден чекор и да ни кажеш што би требало да направиме за да те „натераме” да следиш редовно. Сега имаме мин. 2 обајви неделно. #комкаст можеш да го следиш/претплатиш на некоја од аудио платформите или тука на KZbin а сите објави, вклучувајќи го пред се #ПреглевВоПеток можеш и преку претплата на e-mail тука: bit.ly/2OdoGrE. Опцијата постои одамна само со редизајните на блогот е тргната од видливо поле. Ја вратив сега во мени... Како и да е работиме на поодбра опција за претплата на меил. Ќе биде достапна наскоро. Ама и покрја се ова, сепак сакаме да слушнеме од тебе детали... Д.
@SheldonCoopermk
@SheldonCoopermk 3 жыл бұрын
@@komkastMK Искрено не знам :) да би знаел би имал идеја од милион долари. Подкастот ми се свиѓа ептен и сеа веќе 2 -3 дена го следам. Зборам тука со колеги и на некои им е премногу стручен, нема делови што им се познати. 1. Mожеби добра идеја е од време на време во целото море на непознати информации да се убаци нешто што знаеш дека луѓето го знаат, го сакаат и им е познато. Спомнувај релеватни и исклучително актуелни моменти (поврзи со настани што се случуваат у моментот, со познати луѓе, компании, филмови... да им стане опипливо на луѓето) 2. Во интервјуата однесувај се како човек што ништо не знае за да не оди толку многу стручен разговорот. 3. Мене лично ми недостасува оној кул фактор на лого на дизајн и на вајб. Можеби малце повеќе храброст во делот на похрабар дизајн, не стерилен, по „кул“ (колку и застарено да звучи тоа) . Во секој случај убеден бев дека ова ќе расне ама многу ми е така жал што нема повеќе публика. 4. Пробај со други прозиводи кои ќе донесат друг идентитет и вајб, друг водител (професионален спикер можеби?), друг формат (краток 5 минутен формат). Во секој случај не се откажувајте никако!! Имате публика која интелигентна! П.С. Инаку дечково од оваа епизода е ептен инспиративен. Го зборам на луѓе 2 дена :)
@SheldonCoopermk
@SheldonCoopermk 3 жыл бұрын
@@komkastMK Добра идеја е можеби фидбек од фокус групичка. На пример мене ми беше ептен забавен делот шо збореше за колачињата и тоа како ги мотивираат фирмите повеќе. Тука требаше малку повеќе да се задржиш, ама тебе не ти беше интересно и „ќе те вратам малку назад“...noooo :)
@komkastMK
@komkastMK 3 жыл бұрын
@Ygor Stoyanof Ахахахах па не дека не е интересен делот со колачиња ама... :D Исклучително тешко е да погодиш ниво кое ќе одговара за сите, да не речам невозможно. Јас се утепувам од зборување на академии, предавања, тренинизи и сл. и ми фали поконкретен муабет, постручен, не бркаме голема публика. Последно време повеќе фокус е маркетинг... и тоа дигитален... ќе слушаш малку за нашите размислувања низ годините во следната 100та епизода. Водител? Никако!!! :D Ама ептен ти фала за муабетот, топ дојде... Има нешто во план за од 101 натака, некои ситни промени...
B2B и LinkedIn со Данчо Димков од BizzBee - #комкаст 97
55:03
#комкаст - marketing & media vlog
Рет қаралды 820
Funnel hacking со Гент Мехмети   #комкаст 102
53:07
#комкаст - marketing & media vlog
Рет қаралды 310
風船をキャッチしろ!🎈 Balloon catch Challenges
00:57
はじめしゃちょー(hajime)
Рет қаралды 64 МЛН
Кто круче, как думаешь?
00:44
МЯТНАЯ ФАНТА
Рет қаралды 3,2 МЛН
Из какого города смотришь? 😃
00:34
МЯТНАЯ ФАНТА
Рет қаралды 1,6 МЛН
HELP!!!
00:46
Natan por Aí
Рет қаралды 56 МЛН
Алгоритми и општество со Игор Трајковски од time.mk - #комкаст 103
52:52
За SEO со Бранко Илишев - #комкаст 105
41:22
#комкаст - marketing & media vlog
Рет қаралды 465
За гејминг со Гораст Цветковски - #комкаст 109
51:44
#комкаст - marketing & media vlog
Рет қаралды 582
Instagram новини и совети + битката на „соушл” - #комкаст 101
27:35
Trump is About to Change Everything For Tech Startups
59:15
Аида Марковска: Как да изцелим родовата ни карма?
1:07:02
iPhone включил камеру 📲
0:32
serg1us
Рет қаралды 392 М.
Какой вопрос, такой ответ.
0:56
NOTEBOOKER
Рет қаралды 505 М.
Обзор Pixel 9 Pro / XL
16:17
Rozetked
Рет қаралды 437 М.