Рет қаралды 1,454
По повод Меѓународниот ден на жената 8 Март настапивме во „Mehrzweckhalle Nidermatt Birr“ - Швајцарија, во организација на Спортско Друштво Македонија, каде заедно со многу Македонци го прославивме овој празник со убава музика од нашето поднебје.
„Чест ни е што Македонците кои живеат надвор од државава големите празници ги одбележуваат со македонска музика, а уште поголемо задоволство е што оваа година поканата да бидеме задолжени за музичкиот дел ни беше упатена токму на нас.