Рет қаралды 4,635
ФК Тиквеш и градот Кавадарци ќе го добијат она што со децении го сонуваа сите вистински љубители на фудбалот. После 30 години Градскиот стадион во Кавадарци ќе добие потполно нова слика. Фудбалската федерација на Македонија целосно реконструира две трибини (јужна и источна), а целосно покриена со кровна конструкција ќе биде јужната трибина. Веќе се набавени и 2000 нови столчиња за стадионот на ФК Тиквеш.