Рет қаралды 4,385
Повратници од ИСИС ги има на сите возрасти, од најмлади кои се родиле на територија на таканаречената Исламска држава до возрасни кои заминале во Сирија, да се борат со што станале одметници од македонските закони. Граѓаните кои живеат во исти населби и соседства со повратниците, од една страна ги гледаат као безбедносна закана, но од друга страна велат дека треба да им се даде втора шанса за враќање во општеството.
За процесот на ресоцијализација на повратниците има Национално тело кое е составено од најразличен вид на експерти, вработени во државни институции и активисти на невладини организации. За нивните активности, одговор бараше Миомир Серафиновиќ, кој имаше средба и со еден повратник кој на крајот реши да не зборува за КОД. Прилогот е емитуван на 29.12.2024. во емисијата КОД.