Рет қаралды 1,957
Задоволство ми е да Ви ја презентирам мојата ПРВА КАНТАВТОРСКА песна, инспирирана и создадена во услови на карантин.
Љубовта е лек за се! Тука е, со нас, уште од првиот момент на нашето спознание! Таа е единствениот одговор на сите прашања, стравови и недоумици, единствениот избор и двигател на се добро на овој свет. Колку луѓе, толку различни дефиниции, причини и објекти на љубов! И добро е што е така!
Оваа песна е интимна порака на мојата душа! И за мене самиот, за моите најблиски, за моите внуци, за луѓето што ги сакам, за пријателите, за луѓето што ги познавам но и за оние коишто никогаш не сум ги сретнал а заедно не поврзува љубовта кон „чудото“ наречено - живот!
Со почит
Иван Вања Бојков
Автор на музика и текст: Иван Вања Бојков
Аранжман: Борислав Боби Јоргушески
Музичка продукција: ДО РЕ МИ Златко Симионски - Зеле
Видео реализација: Премиум Продукција