Рет қаралды 1,118
Сите сме рефлексија на животната средина 🌿
„Ова е огледало на (не)одговорноста за животната средина“ и „Како да ја разубавиме сликата во огледалото?“ се дел од пораките пренесени на петте вертикални огледала поставени во Ростуше, во рамки на еко-акција која се фокусира на дивите депонии во општината.
Активистите преку еко-акцијата сакаат да потенцираат на четириесет и двете диви депонии мапирани во Ростуше во последните две години, како и на фактот дека Јавното комунално претпријатие не може да постигне да го собере отпадот што настанува од домовите на жителите.
Акцијата е спроведена од клубот за младински активизам при Младински образовен форум - МОФ / Youth Educational Forum -YEF, заедно со уметникот и скулптор Андреј Миневски и „Зеукстритон“ - Здружение за заштита на екологијата и унапредување на културата.