Национален систем за интегритет-Јавно обвинителство

  Рет қаралды 8

TI Macedonia

TI Macedonia

Күн бұрын

Во 2024 година, Транспаренси Интернешнл-Македонија го подготви третиот по ред Национален систем за интегритет (НСИ) како дел од проектот: „ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција“, финансиран од страна на Европската Унија и Владата на Швајцарија. Националниот систем за интегритет (НСИ) ги опфаќа главните институции за управување во земјата кои се борат против корупцијата. Во рамките на оваа анализа се оценуваат 15 столбови.
Јавно обвинителство е најниско рангирана институција во рамките на Националниот систем на интегритет со вкупна оцена од 38.9 поени.
Оцената за капацитет се состои од оцена за ресурсите и независноста на институцијата и изнесува 50.
Јавното обвинителство (ЈО) е основната институција во системот на кривичната правда во Република Северна Македонија. Правната рамка предвидува соодветни плати за јавните обвинители. Сепак, буџетот не го исполнува законски потребниот минимален процент, поради што постојат значителни празнини во ресурсите во обвинителството. Има недостиг од човечки ресурси, а многу позиции останаа непополнети.
Постојат сеопфатни закони за да се обезбеди независност на обвинителството. Меѓутоа, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија го назначува Собранието на предлог од Владата, со што тоа лице е потенцијално подложно на политичко влијание. Во пракса, обвинителите често се отстрануваат од нивните позиции пред да им истече мандатот, а именувањата се карактеризирани како нетранспарентни и под политичко влијание.
Оцената во делот на управување изнесува 41.7, а се оценува транспарентноста, отчетноста и интегритетот.
Правната рамка за механизмите за управување треба да се подобри. Законот и етичкиот кодекс на јавните обвинители во комбинација со Законот за спречување на корупција и судир на интереси, обезбедуваат механизми за интегритет. Сепак, тие не покриваат гостопримство или надоместоци за приватно спонзорирани патувања, а активностите на етичкиот совет не се транспарентни и добро документирани.
Улогата го вклучува гонењето на корупцијата, а Јавното обвинителство за ова има оцена од 25.
Постигнувањата на обвинителството во случаите на корупција се ограничени, а пресудите во случаи на корупција од висок профил се ретки. Случаите за корупција често се соочуваат со застареност поради долгите правни процеси. Тековно има истраги и обвиненија поврзани со корупција, но запленети се малку имоти со висока вредност.
Препораки за столбот:
• OJOOKK и ДКСК треба да воспостават секојдневна комуникација и соработка за делата поврзани со корупција преку потпишување меморандум
• Владата треба да обезбеди финансиски средства за дополнителни човечки ресурси на јавното обвинителство и истражните центри задолжени за истрага на корупцијата
• Главниот обвинител на ОЈООКК треба редовно да го известува Собранието за спроведување на механизмите за отчетност, како што се дисциплински случаи, поплаки на граѓани и отпуштања поради повреда на службените должности
• Треба да се формира независна дисциплинска комисија за да се создаде независно тело кое ќе ги истражува жалбите против јавните обвинители и ќе обезбеди одговорност
• Владата треба да усвои регулаторни одредби за да го заштити лицето кое поднесува жалба против јавен обвинител
• Јавното обвинителство треба да обезбеди заштитен канал за известување за укажувачите врз основа на Законот за заштита на укажувачите
• Јавното обвинителство треба да создаде посебен етички комитет кој ќе обезбеди граѓаните да можат приватно да поднесуваат жалби за однесувањето на јавните обвинители особено во однос на нивните контакти, гостопримство или интереси.

Пікірлер
Šta se dogodilo u Banjskoj. Koga bre lažete, aman ljudi bre!? | ep312deo04
19:15
24 minuta sa Zoranom Kesićem - Zvanični kanal
Рет қаралды 1,2 МЛН
How do Cats Eat Watermelon? 🍉
00:21
One More
Рет қаралды 8 МЛН
Players vs Corner Flags 🤯
00:28
LE FOOT EN VIDÉO
Рет қаралды 65 МЛН
Spongebob ate Michael Jackson 😱 #meme #spongebob #gmod
00:14
Mr. LoLo
Рет қаралды 8 МЛН
HODŽA HALIL (SIKTER EFENDIJA) • NOŽ (1999)
22:28
Žabokrečina
Рет қаралды 202 М.
muftija Zukorlic vs. episkop Grigorije (2)
10:00
TheBosniack
Рет қаралды 1,2 МЛН
Who Controls Egypt? The Untold Details
13:31
GZT
Рет қаралды 114 М.