Рет қаралды 415
До минатата недела, од Министерството за одбрана и Армијата тврдеа дека записниците од кадровските совети во кои се препорачува предвремено унапредување на Сашко Лафчиски од бригаден генерал во генерал-мајор се класифицирани документи. Ваквите препораки се пропишани како еден од четирите услови потребни за порано унапредување на офицер во АРСМ. А без унапредувањето во генерал-мајор, Сашко Лафчиски не можеше да стане Началник на Генераштабот, барем не во мометов
Сега, од министерството и од АРСМ тврдат дека не можат да ги дадат документите затоа што тие се дел од постапката која ја води Државната комисија за спречување на корупцијата, токму за унапредувањето на Лафчиски. Промената во наративот дојде по барањето на Агенцијата за заштита на правото на пристап до информации од јавен карактер - Одбрана и АРСМ да им докажат дека бараните документи навистина се класифицирани