Осветување на Храмот на Пресвета Богородица во с. Ростуше

  Рет қаралды 5,298

Bigorski Manastir

Bigorski Manastir

Күн бұрын

Наплив на славословие, благодарност и ликување ги обзема душите на Православните во Река, но и пошироко, затоа што станавме сведоци на исклучителните благослови Божји што вчера и денес се излеаја во славното мијачко село, чиешто име значи токму тоа - радост на душата! А и како да не биде радост на богољубивите души, кога тоа село со векови било сместувалиште на велелепни храмови на Онаа Која со самата своја појава го израдува светот и со своето раѓање му донесе спасение на човештвото?
Пресвета Богородица. Сè што е поврзано со тоа пресвето име носи само радост, утеха, милостивост, сладост, спокој и блаженство. Кога само спомнувањето на Нејзиното име внесува во нас такво умиление, колку ли повеќе, пак, Самата Таа, Царицата на Ангелите, ги радува верните кога се стројат храмови во нејзина чест и слава! И ете, на токму такво величествено и свештено дело станавме сведоци и ние, со изградбата и осветувањето на нејзиниот свет и сечесен храм во с. Ростуше, кој заблеска како бесценет дијамант среде Река, красејќи го с. Ростуше и Радичката клисура со неовоземна убавина. Овој Храм на Мајката Божја веќе стана сведок на рајските убавини, дотолку повеќе што беше граден со синовска посветеност и љубов од нашиот сакан Старец и игумен, Епископот Антаниски г. Партениј, кој со помош на благочестивите Христијани од с. Ростуше и на бројните богољубиви дарители, камен по камен, фреска по фреска, икона по икона, го обмислуваше и строеше овој Богородичен бисер во Мијачијата.
Чинот на осветувањето, што го изврши Митрополитот г. Тимотеј, во сослужение со Митрополитот г. Јосиф, нашиот Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, архимандрити и јеромонаси од Обителта, како и архиерејскиот намесник од Дебар о. Миле Ангелковски, јерејот Горан Ставревски од Охрид и протоѓаконот Никола Ѓурчиновски. Во присуство на големото мноштво верни, пристигнати од секаде, среде кои беа и почесните гости: министерот за надворешни работи г. Оливер Спасов, градоначалникот на општина Маврово Ростуше г. Медат Куртовски, директорот на НП Маврово г. Самир Ајдини, пратеничката во Собранието и воедно претседател на ЛДП г-ца Моника Зајкова и др., свечената поворка три пати го заобиколи храмот, издигнувајќи ги кон небото своите скромни молитви, за Бог и Неговата преблага Мајка да погледнат милостиво на овој свет храм и да ги благослови сите оние што со вера ќе влегуваат во него.

Пікірлер: 15
@brankapetrovska51
@brankapetrovska51 3 ай бұрын
❤ МНОГУ. БЛАГОСЛОВИ. АМИН❤🌕💚❤💛💚❤💛💚❤💛💜💛
@marijatrajkovska5025
@marijatrajkovska5025 Жыл бұрын
На многаја лета и благослов од Бога 🕊
@brankapetrovska51
@brankapetrovska51 Жыл бұрын
БОГ. И. ГОСПОД. СЕКОГАШ НА. ПОМОШ
@brankapetrovska51
@brankapetrovska51 Жыл бұрын
ПРИ МЕТЕ. МНОГУБРОЈНИ БОЖЈИ. БЛАГОСЛОВИ
@catalinfulga71
@catalinfulga71 Жыл бұрын
Sarut dreapta Sfintiilor Voastre!🙏🙏🙏 Va iubesc mult ❤! Belsug de Har si de Binecuvantari sa aveti de la Bunul Dumnezeu🙏😇! Sarut dreapta cu adanc respect 🙏 si aleasa pretuire ptr parintele staret al manastirii Bigorski si ptr toata obstea manastirii🙏🙏🙏❤️😇! 🌻🌹⚘️🌼🪷🌺🪻
@vladimirstefanovski8652
@vladimirstefanovski8652 Жыл бұрын
🙏
@ΕιρήνηΒ-β6δ
@ΕιρήνηΒ-β6δ Жыл бұрын
Τι όμορφα!!! Βοηθεια σας!!Η Παναγία μας να σκεπει όλους μας!!
@ЯнкаКалайджиева-л6ж
@ЯнкаКалайджиева-л6ж Жыл бұрын
Благословени от Бог! 🙏
@OptimusRinus
@OptimusRinus Жыл бұрын
Bigorskiiiiiiiiiiiiiii ❤
@komita00
@komita00 Жыл бұрын
Велелепен храм на многаја лета
@macedonianfirst2673
@macedonianfirst2673 Жыл бұрын
Bozja ubavina
@eliesaad3717
@eliesaad3717 Жыл бұрын
يارب ارحم يارب ارحم يارب ارحم
@brankapetrovska51
@brankapetrovska51 Жыл бұрын
СРЕЌНО. И. ВЕЧНО. СЕКОГАШ
@brankapetrovska51
@brankapetrovska51 3 ай бұрын
❤СЛАВА. НА. БОГА❤❤❤❤😂
@dockanicevska24
@dockanicevska24 11 ай бұрын
Na mhogaja leta ...mnogu e ubavo
Don’t Choose The Wrong Box 😱
00:41
Topper Guild
Рет қаралды 54 МЛН
Lamborghini vs Smoke 😱
00:38
Topper Guild
Рет қаралды 67 МЛН
Интересно, какой он был в молодости
01:00
БЕЗУМНЫЙ СПОРТ
Рет қаралды 3,8 МЛН
Усекновение 2023
7:45
Bigorski Manastir
Рет қаралды 11 М.
In the midst of desert beauty - Среде пустинската убост
8:25
Репортажа од манастирот Св. Јован Бигорски
4:17
Канал 5 Телевизија
Рет қаралды 1,8 М.
Don’t Choose The Wrong Box 😱
00:41
Topper Guild
Рет қаралды 54 МЛН