Песна за Мирка Гинова - Pesna za Mirka Ginova / Тихо Мирка си заспала - Tiho Mirka si zaspala

  Рет қаралды 1,575

mkd cut

Жыл бұрын

kzbin.info/aero/PL2MYObyFiil4I4ZdVRJN_mX_tuN_gfEu9&si=NVAarptXOdxz_nOa
Мирка Гинова (Русилово, Воденско, 1916 - Ениџе Вардар, 27 јули 1946) - борец од времето на Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција. Заедно со илјадници македонски и грчки патриоти, се борела против фашистичките окупатори на Грција, а подоцна и против силите на реакцијата и монархофашизмот. Мирка Гинова е првата жена стрелана во Грција од политички причини.
Мирка Гинова (во грчка варијанта - Ирина Гинис) е родена во сиромашно семејство во Русилово, мало село во близината на Островско Езеро, Воденско. Основно училиште завршила во селото Катраница. По завршувањето на курсот за учители, Мирка подолг период се обидувала да се вработи, но фашистичкиот режим на Метаксас ја попречувал да најде вработување. Имено, во овој период, диктаторскиот режим со бруталност ги прогонувал Македонците, третирајќи ги како граѓани од втор ред и интернирајќи ги по пустите острови. Пред почетокот на Грчко-италијанската војна (29 октомври 1940 година), таа била назначена за учителка во едно село во Воденско.
Со почетокот на фашистичката окупација на Грција, уште повеќе се влошилa положбата на Македонците во Егејска Македонија. Како активист на ЕПОН, илегално делувала во воденските и мегленските села. Таа ги организирала македонските младинки и младинци кои ја помагале народно-ослободителната борба, регрутирала нови борци, а самата заминала во партизани во 1943 година, во околината на Кајмакчалан. Мирка Гинова била секретарка на Антифашистичкиот фронт на жените за Воденскиот округ.
По ослободувањето на Грција, новата власт започнала да ги прогонува членовите на отпорот. Членовите на ЕЛАС биле масовно апсени, затворани и подложени на невидена тортура, а особено македонското население во Егејска Македонија било подложено на репресалии. Во 1945 година, Мирка Гинова се приклучила на Тајната ослободителна македонска организација и при избувнувањето на Граѓанската војна во Грција учествувала во вооружените групи на Народноослободителниот фронт.
На 6 јули 1946 година, во местото Долга Ливада на планината Почеп, Мирка Гинова формирала мал партизански одред. Набрзо, во една акција на 400 грчки жандарми и војници, одредот бил опколен и започнала борба во која Мирка Гинова (која единствено била вооружена) убила двајца жандари. Кога останала без муниција, била заробена, заедно со шестмината свои другари. Притоа, жандарите брутално се нафрлиле врз неа и, со распарчена облека и целата облеана во крв, ја носеле по улиците на Воден, но таа одела со исправена глава и цело време им се смешкала на луѓето кои се собрале да ја видат. Потоа, започнало ужасно мачење во кое Мирка Гинова била тепана со дрвени колци, кундаци и метална жица, под ноктите ѝ забивале шајки, а низ телото ѝ спроведувале струја. Потоа, таа била жива закопана до висина на вратот, додека жандармите пукале над нејзината глава. Потоа, Мирка Гинова и шесте нејзини другари биле спроведени во Ениџе-Вардар. На судењето кое се одржало во градското училиште на 25 јули 1946 година, воениот суд ја осудил на смрт со стрелање. Заедно со другите соборци, Мирка Гинова била стрелана на 27 јули 1946 година. Иако свесна за последиците, пред судот во своја одбрана изјавила:
"Македонка сум и верувам во ГКП, бидејќи само таа партија ги претставува желбите на луѓето во Грција и гарантира за Македонците еднакви права со сите други. Се борев против Германците и сега сум горда дека умирам, бидејќи се борев против новите окупатори.”
Слична храброст, таа покажала и на самиот чин на стрелањето, кога не дозволила да ѝ ги врзат очите, а цело време ја пеела Интернационалата. Еден грчки војник, кој присуствувал на стрелањето, ги забележал последните мигови на Мирка Гинова. Во писмото испратено до нејзиниот татко, тој напишал: Ви честитам за ќерката што сте ја родиле. Ја пресретна смртта со насмевка на усните, смело, пеејќи и сите присутни се зачудивме. Во 5.30 ѝ се доближив и прашав дали сака нешто да им напишам на родителите. А таа ми рече: ‘Ако милувате, пишете му го на татко ми следното: ‘Умирам за нешто во што верувам со сета душа, како чесна, а не како нечесна, за поарен живот на другите, а не за мојот‘. Беше чудесна, ниту пред смртта не покажа малодушност. А исто така и другите шестмина, но, повеќе таа. Не ви ги пишувам овие зборови за да ја пофалам вашата ќерка, туку ја изложувам само вистината што ја видов. Ве поздравува еден војник кого должноста го натера да присуствува на овој жален чин и ја имав желбата да ви ги напишам последните зборови на незаборавната Ирина, на сите позната како Мирка.
Нејзината храброст е опеана во народното творештво на Македонците од Егејска Македонија, како што се песните „Тихо Мирка си заспала“ и „Мирка на Гинови“. Денес во нејзина чест низ Македонија има институции, организации и улици со нејзиното име, а на градското шеталиште во Битола е поставена нејзина спомен-биста.
#партизани
#ноб
#11октомври
#нов
#partizani
#nob
#11oktomvri
#nov

Пікірлер: 1
@dblaze4745
@dblaze4745 3 ай бұрын
Mirka se boreshe i pogina za mir i sloboda na Makedonija...vechna ti slava sestro nasha.
ДЕНЬ УЧИТЕЛЯ В ШКОЛЕ
01:00
SIDELNIKOVVV
Рет қаралды 4 МЛН
Миллионер | 2 - серия
16:04
Million Show
Рет қаралды 1,4 МЛН
Cool Parenting Gadget Against Mosquitos! 🦟👶
00:21
TheSoul Music Family
Рет қаралды 19 МЛН
Ozoda - Lada ( Official Music Video 2024 )
06:07
Ozoda
Рет қаралды 30 МЛН
Лилия
3:00
Али Ахмет - Topic
Рет қаралды 3,1 МЛН
akimmmich & bimo - QAITADAN BASTAMA| lyric video
2:38
akimmmich
Рет қаралды 444 М.
Жігіт өмір
3:19
Aksultan - Topic
Рет қаралды 61 М.
Marhaba Sabi - Qyz Bozbala (Official lyric video)
3:10
Marhaba Sabi
Рет қаралды 1,6 МЛН