Рет қаралды 4,270
Кон крајот на минатиот месец, Владата формираше работна група за утврдување на реалната состојба со водите во Македонија. Алармот кај централната власт го вклучи ниското ниво на Преспанското Езеро. Но тревогата требаше да биде вклучена многу порано, барем според организациите кои се борат за заштита на регионот, иако сметаат дека е добро што властите конечно се сетија на овој проблем.