Рет қаралды 60
Прошетка низ пештерите на лесновскиот кратер!
Пред 20-30 милиони години во западниот дел на Осоговските Планини имало кратер, овде во Лесново се наоѓа еден од најпознатите згаснати вулкани во Македонија, може да се види како на ова место било исфрлано големо количество на вулкански материјал. Пештерите во лесновскиот кратер се настанати од човечка рака, издлабени се, до осумдесеттите години од минатиот век, на ова територија се изработувале квалитетни воденички камења од вулкански карпи кои биле разнесувани низ целиот Балкански Полуостров.
Пештерите се наоѓаат на одалеченост од околу еден километар од Лесновскиот манастир, изграден во 1343-та година, посветен на св. Арахангел Михаил и св. Гаврил.
#УбавинитеНаМакедонија #Лесновски #gopro360