Моментално го слушам ова видео со MeanIt B200 TWS кои ги имам речиси 4 месеци. Се сложувам дека се евтини и звукот е добар, но не се сложувам дека се квалитетни. Често се случува да има пречки во звукот ( како треперење ) и тоа ме иритира. Понекогаш не ме предупредува кога батеријата е празна, туку само едноставно се исклучуваат. Понекогаш се случува 2те слушалки да не се синхронизирани ( едната како да касни за дел од секунда ), па тука треба да ги исклучам/повторно вклучам за да се синхронизираат. Кабелот од полначот не е воопшто квалитетен ( се оштети за неполни 3 недели ) Во главно не сум разочаран од овие слушалки, ама сум имал и поквалитетни за оваа цена. Поздрав ✌