Родната куќа на Методија Патчев (Охрид)

  Рет қаралды 196

Македонија Вечна - Macedonia Timeless

Македонија Вечна - Macedonia Timeless

Күн бұрын

Методија Патчев попознат како Патче e македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација.
Роден е на 14 мај 1875 година во Охрид. Во родниот град завршил прогимназија, а потоа отишол да работи како чирак кај еден свој сограѓанин - кожар во Пловдив. Во 1896 година се вратил во Охрид и се занимавал со учителска дејност. Истата година влегол во редовите на ВМОРО. Тој добивал специјални задачи - ликвидирање на непријателите на ослободителното дело, како и на предавниците.
Узунов и Патче многу придонеле за омасовување на револуционерното движење во Охрид и охридско. Двајцата им давале заклетва на новите членови на вообичаениот начин - пред евангелие, крст и кама. Честопати Узунов, за да не биде забележан од турските власти, по куќите каде што требало одел облечен како поп, а Методија Патче му го носел како клисар котлето со „светена вода“.
Во 1898 година, откако го убил предавникот во Охрид Димитар Грданов-иќ, бил фатен и затворен од турската власт и осуден на 15 години затвор. Во битолскиот затвор останал до 1901 година, кога бил амнестиран. По излегувањето бил назначен за учител во Прилеп, но турската власт не му дозволила да се занимава со учителска дејност. Преминал во илегала и стапил во четата на војводата Марко Лерински. Во октомври 1901 година бил назначен за Прилепски војвода на агитационо-организациска чета. Во текот на март 1902 година, заради разврат го ликвидира прилепскиот војвода Тале Горанов.
На 6 април 1902 година, на селскиот празник, Благоец, дошол со шестмина соборци во Кадино Село, Прилепско, за да покрсти нови членови за организацијата, бил предаден и опкружен од турскиот аскер и башибозук. Додека војводата со четата биле сместени во старата кула, а народот за тоа време бил во црква, околу пладне во селото дошле околу 500 вооружени луѓе, меѓу кои аскер од Битола и познатиот разбојник Расим со 25 души.
Претходно четата не била известена за движењето на силниот аскер кон Кадино Село и немала ниту време и можност да се извлечат од кулата и селото. Опколени од сите страни, четата се забрикадирала во кулата. Започнала нерамноправна јуначка борба која траела до наредниот ден (7 април 1902 година), сè до моментот кога на четата им снемало муниција. На Патче и комитите не им преостанало ништо друго освен да се предадат или да умрат
На повикот од аскерот да се предадат одговориле дека македонски борци не се предаваат. Со песна, после 24-часовна борба, Методи Патчев и неговите соборци со последните куршуми извршиле групно самоубиство.

Пікірлер: 2
@MacedonianPuzzle
@MacedonianPuzzle 4 ай бұрын
Одлично видео! 👌🏼
@goranvelkovski951
@goranvelkovski951 4 ай бұрын
Слава и почит Војводо
How to win a argument
9:28
ajaxkmr
Рет қаралды 516 М.
Патуваме низ Македонија со Игор Џамбазов
31:31
Мариово Филм
Рет қаралды 30 М.
Nurse's Mission: Bringing Joy to Young Lives #shorts
00:17
Fabiosa Stories
Рет қаралды 16 МЛН
Cute kitty gadgets 💛
00:24
TheSoul Music Family
Рет қаралды 21 МЛН
The CUTEST flower girl on YouTube (2019-2024)
00:10
Hungry FAM
Рет қаралды 41 МЛН
Мое село - Цер
19:18
Сител Телевизија
Рет қаралды 13 М.
Ја сакам Македонија од Охрид - 4
59:33
Сител Телевизија
Рет қаралды 1,8 М.
Евреите во Охрид
13:09
Holocoust Fund
Рет қаралды 1,4 М.
Ruralna Struga - Vevcani
7:43
RURBANKULT
Рет қаралды 13 М.
Nurse's Mission: Bringing Joy to Young Lives #shorts
00:17
Fabiosa Stories
Рет қаралды 16 МЛН