Рет қаралды 8,879
Проверивме во каква состојба се дел од скривниците во Скопје - под згради, како на пример во Градски ѕид, но и на јавни површини. Не дека војната е на врата, туку зашто ако треба да се користaт, ќе биде доцна да се прашува зошто се такви - какви што се и кој е одговорен за тоа
Се обративме до Владата со прашања: со колку јавни засолништа располага државата, колку се подготвени за евакуација на население и дали се планират систематски активности за враќање на нивната функционалност. Единствениот одговор оттаму е дека во надлежност на Дирекцијата зазаштита и спасување се 100 засолништа од кои 12 се на територијата на Скопје. Велат дека Дирекцијата работи според План за реновирање и досега подновиле 5 засолништа во главниот град и 3 во Велес. Каде точно се наоѓаат одговор не добивме