Рет қаралды 4,146
На 6-ти јануари 2022 година, на Градскиот плоштад во Кичево, во Дебарско - кичевската епархија, возглавена од почитуваниот Митрополит г.Тимотеј, по желба и иницијатива на Игуменот на Бигорскиот манастир, Епископот Антаниски, г. Партениј, се одржа Божикен концерт на којшто хорот по византиско пеење при црквата „Св.Петар и Павле“, во придружба на традиционални инструменти, изведе четири каланди:
„Вечниот Бог“
„Христос се раѓат, на светот радост“
„Три цареви од Персија“
„Сношти Христос ни се роди“
и Кондак на празникот „Дева денес...“, во изведба на албански јазик.
Овие пригодни песни коишто се дел од нашата богата православна традиција, се пеат во текот на целиот празничен период, од Бадник до Богојавление.
За многу години!