Рет қаралды 5,738
15.12.2003 - humanitarni koncert "So muzika za zivot" ** Hvala Vasilka Pazik na videomaterijalu **
На хуманитарниот концерт на најголемата македонска ѕвезда Тоше Проески, наречен "Со музика за живот", кој се одржа во Универзалната сала во Скопје, беа собрани околу 16.000 евра, а донаторите подарија многу свои производи. Средствата се наменети за реновирање на Клиниката за детски болести - Скопје. Концертната програма, која траеше повеќе од два часа, ја проследија и премиерот на Република Македонија Бранко Црвенковски, неговата сопруга Јасна и двете деца, како и други претставници на политичкиот врв и на дипломатските претставништва во земјава. Со купените билети тие беа донатори на манифестацијата. - Ова е посебна вечер, бидејќи ќе пеам за тие на кои навистина им треба помош. Затоа би сакал да им се заблагодарам на сите хумани луѓе што го поддржаа овој хуманитарен концерт - им се обрати Тоше на присутните во салата. Покровител на настанот беше "Космофон", кој купените билети им ги подари на децата од Домот за деца без родители "11 Октомври"