- Стани ќе ојме, Софке на татко, во града Гуменџа. (x2) Оф, аман, аман, бела Софијо, во града Гуменџа. (x2) Таму ќе ојме, Софке на татко, кај екимџијата. (x2) Оф, аман, аман, бела Софијо, кај екимџијата. (x2) Toj да ни каже, Софке на татко, што ти е болката. (x2) Оф, аман, аман, бела Софијо, што ти е болката. (x2) - Кажи ни, кажи, бре екимџијо, што ѝ е болката? (x2) Оф, аман, аман, бре екимџијо, што ѝ е болката? (x2) - Софкината болка, татко на Софка, рожба е на срце. (x2) Оф, аман, аман, татко на Софка, рожба е на срце. (x2)