Рет қаралды 1,050
Едноставно токму Ние моравме да ја создадеме оваа песна. Изникна да успокои воздишка и тагата да ја претвори во оддишка. Како паметник после една животна патека врз која Јанко остави длабока трага, толку длабока, толку силна, а на места и Нас не има, не допира, не води, не прави горди, оти беше и Наш. Ако песната може тоа да биде, нека биде. Нека биде споменик, нека биде благодарам за се што Јанко за Нас беше и ќе остане, а пораката нејзина нека ги погали срцата на сите што го сакаме.
ЕЈ МАЈСТОРЕ, ДРУГАР СТАР, СТАР ПРИЈАТЕЛЕ ...
ЗА ЈАНКО
Стари спомени ни будат,
нежни звуци, рефрен стар,
како ехо ни се враќаат,
едни ноти, познат глас,
една песна стара албум врти,
трга прашина,
слики стари ние со гитари
драги спомени.
Сега твојата гитара
немо стои потпрена,
ама жици нејни в срца
спомен треперат,
твои звуци сега ноти водат
редат зборови,
в песна наша тука Јанко свири
како некогаш.
ЕЈ МАЈСТОРЕ, ДРУГАР СТАР, СТАР ПРИЈАТЕЛЕ,
ПЕСНА СТАРА ДРУШТВО НАШЕ БАРА КАКО НЕКОГАШ,
ЕЈ ЈАНКО НАШ, ДРУГАР СТАР, СТАР ПРИЈАТЕЛЕ,
ТВОЈА ПЕСНА, ТВОЈАТА ГИТАРА ДА НИ ЗАСВИРИ.
ЕЈ МАЈСТОРЕ, ВЕЧЕРВА, САМО ЗА ТЕБЕ,
УШТЕ ЕДНА НАША ДА СЕ ЧУЕ, В НОЌТА ЅВЕЗДЕНА,
ЕЈ ДРУГАР СТАР, ВЕЧЕРВА, САМО ЗА ТЕБЕ,
НАША ПЕСНА ДРУШТВО ТВОЕ СВИРИ, ПЕСНА ЗА ТЕБЕ...
ЕЈ МАЈСТОРЕ...