Вечното почивалиште на Григор Прличев (Црква Света Богородица Перивлепта, Охрид)

  Рет қаралды 425

Македонија Вечна - Macedonia Timeless

Македонија Вечна - Macedonia Timeless

Күн бұрын

Гробот е сместен зад црквата „Пресв. Богородица Перивлептос“ на понискиот рид Дебој. Во него почиваат истакнатиот македонски преродбеник Григор Прличев (1830 - 1893) и неговиот син, револуционерот и општественик Кирил Прличев (1875 - 1944). Гробот е прогласен за културно наследство на Македонија.
-
Григор Прличев бил македонски писател и значаен претставник на македонската литература од 19. век. Овој генијален литерат според јазичната припадност е тродомен автор: грчки, бугарски и македонски, и ги обединува во себе нивните специфични карактеристики и епохата во која живее и работи, класицизмот и романтизмот, како стилски белези.
Во основно училиште Прличев бил ученик на Димитар Миладинов. Во 1849 година се запишува како студент на Медицинскиот факултет во Атина, но никогаш не дипломирал. Се враќа во Македонија и работи како учител во неколку градови. По 10 години повторно оди во Атина да ги продолжи студиите, и се пријавува на атинскиот конкурс за најдобра поема на грчки јазик.
Со поемата „Сердарот“ (Ο ΑΡΜΑΤΩΛΟΣ) тој го освојува првото место, ловоровиот венец, паричната награда и прогласен е за „Втор Хомер“ (1860). Веднаш следната година се пријавува на истиот конкурс со поемата „Скендер-бег“, но конкурсот не се одржува. Дознава за смртта на браќата Миладиновци, ја напушта Атина, се враќа во Македонија и од тогаш, па сè до крајот на животот, Прличев се бори за популаризирање на словенското писмо. Поради тоа е прогонуван и затворен во дебарскиот затвор.
Во 1871 година ја препејува Хомеровата „Илијада“, но разочаран од критиките не ја објавува. Во периодот од 1883-1890 година живее и работи како учител во Солун, каде ја пишува својата „Автобиографија“, прво македонско прозно дело од ваков тип. Последните години од својот живот Прличев ги поминува во родниот град Охрид и целосно ги посветува на својата татковина.

Пікірлер
Патуваме низ Македонија со Игор Џамбазов
31:31
Мариово Филм
Рет қаралды 30 М.
女孩妒忌小丑女? #小丑#shorts
00:34
好人小丑
Рет қаралды 100 МЛН
나랑 아빠가 아이스크림 먹을 때
00:15
진영민yeongmin
Рет қаралды 15 МЛН
1ОШБ Да Вінчі навчання
00:14
AIRSOFT BALAN
Рет қаралды 5 МЛН
Мое село - Цер
19:18
Сител Телевизија
Рет қаралды 13 М.
Мое село - Прибилци
16:26
Сител Телевизија
Рет қаралды 6 М.
„ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВАНЧО НИКОЛЕСКИ - втор дел
59:06
НУ Библиотека ГРИГОР ПРЛИЧЕВ - ОХРИД
Рет қаралды 7 М.
„ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“  ВАНЧО НИКОЛЕСКИ - прв дел
1:42:35
НУ Библиотека ГРИГОР ПРЛИЧЕВ - ОХРИД
Рет қаралды 15 М.
女孩妒忌小丑女? #小丑#shorts
00:34
好人小丑
Рет қаралды 100 МЛН