Рет қаралды 51,277
Еве сум пак легнат на маса
со нозете на под
животот не бил нежен со мене
често горело
И пробувам сам да напишам зборови
на еден скинат лист
прашања и смешни одговори
А секогаш насмеан кријам
и не пуштам ни една солза
да не им кажам колку сум проклето сам
и кај да се сокријам
светот е голем океан
и затоа пак се смеам
и ги лажам сите без срам
дека е добро, сосема добро
ма стварно е добро
и премногу добро
Не ми е страв да бидам со тебе
иако не те знам
ќе измислам песна за ладното време
да те загреам
и пробувам сам да наредам зборови
кои нема ти никогаш да ги заборавиш
А секогаш насмеан кријам
и не пуштам ни една солза
да не им кажам колку сум проклето сам
и кај да се сокријам
светот е голем океан
и затоа пак се смеам
и ги лажам сите без срам
дека е добро, сосема добро
ма стварно е добро
и премногу добро