Рет қаралды 3,445
(Песна за преспанскиот војвода Велјан Чипуров)
За Пенчо војвода - во исполнение на анс. „Гоце Делчев“ Софија
Песната е на смилевски-мијачи говор каде што а (ѫ, ъ) преминува во о.
добор - добар
огон - огин, оган
да отстопа - да отстапам
роце - раце
да н'ме мочат - да не ме мачат (измачуваат)
Ајде, пушка пукна од гора зелена,
ајде, ми го удри, леле, најдобрио јунак,
ајде, добор јунак, леле, Пенчо млад војвода!
Ајде, викна Пенчо по верна дружина:
- Ајде, ој дружино, леле, верна ем зговорна,
ајде, ушче малко, леле, огон подржете!
Ајде, да отстопа десетина крачки,
ајде, да отстопа, леле десетина крачки,
ајде, да не падна, леле во тирански роце!
Ајде, да не падна во тирански роце,
ајде, да н'ме мочат, леле, в темните зандани,
ајде, да н'ме мочат, леле, в темните зандани!
Ајде, имам мајка многу надалеку,
ајде, надалеку, леле, дури во Смилево,
ајде, надалеку, леле, дури во Смилево.
Ајде, имам татко, татко кираџија,
ајде, да ме земат, леле, в Софија да ме носат,
ајде, да ме земат, леле, в Софија да ме носат!
Велјан (Веле) Чипуров, познат и како Пенчо војвода - роден во 1878 година во селото Смилево, Битолско. Бил учител и преспански војвода на ВМОРО, делегат на Смилевскиот конгрес и учесник во Илинденското востание. Бил дел од четите на Никола Русински, Дејан Димитров и Славејко Арсов. Загинал на 25-годишна возраст на 16 август 1903 година при битка со турски аскер кај Дупенската планина, заедно со војводата Никола Кокарев.