Рет қаралды 1,991
Основата за почеток на постапката за валидноста на документот за познавање на англиски јазик на Бојан Христовски, кој неодамна беше именуван за директор на Агенцијата за национална безбедност, е анономна кривична пријава. До сега, од Јавното обвинителство велеа дека ќе ја почекаат ДКСК да ја заврши својата истрага, пред тие да се зафатат со случајот, бидејќи имале меморандум за избегнување на двојство при постапувањето
Основниот кривичен суд Скопје, пак, денеска ја објави пресудата против две директорки кои на почетокот на месецов признале вина за фалсификат и биле осудени бидејќи искористиле ТОЕФЛ сертификати од истата фирма на која гласи сертификатот на Бојан Христовски. И осудените директорки и шефот на АНБ, со дипломите се стекнале во 2022 година