Рет қаралды 1,381
Газди на компанијата на чие име гласат сертификатите и на директорот на АНБ, но и на две директорки осудени бидејќи сертификатите им биле лажни, се две физички лица - Јулија Иванова Тодорова и Георгиос Христос Трајанос. Нивните имиња се среќаваат во повеќе правни лица во Пловдив. Но, на ниту една од тие адреси не ги најдовме ниту училиштето „Јулија Ко.“, ниту газдите
Фирмите кои сега работат на истите адреси на кои работеле Тодорова и Трајанос и нивните комшии тврдат дека парот е отселен во Атина, Грција. Некои тврдеа дека си заминале пред неколку месеци, но други дека не се во Пловдив веќе неколку години
Во едно училиште за странски јазици во Пловдив ни рекоа дека во градот може да се полага за ТОЕФЛ сертификат само на едно место, но првпат од нас слушнаа за училиште или центар за полагање со назив „Јулија Ко.“