Ако отидеш после оваа ноќ, нека земе сè в твојот допир благ. Ако отидеш в преграт некој друг, нека згине сè, сè со твојот траг и тој раздел наш, нека развее праг што ни значи нам овој мртов час. Макар денот нов носел само бол, носел само бол. Ако, ако сега отидеш ти кој од двајца нас до крај ќе е сам. Ил може за двајца се руши сè ко од свеќа што се топи плам и ако те плени некој нежен лик ќе умре сè со овој миг. Ако отидеш, ако отидеш, ако отидеш. Ако останеш после оваа ноќ ќе нè земат нас сите сонца мои в некој предел друг, син од нови дни што ги барам јас, што ги бараш ти. Знам јас ти си тој, оној човек прав што ќе пружи сè, што ќе разбие страв, само не оди, биди мугра ти, здив на нови дни. Но, ако сега отидеш ти кој од двајца нас до крај ќе е сам. Ил може за двајца се руши сè ко од свеќа што се топи плам и ако те плени некој нежен лик ќе умре сè со овој миг. Ако отидеш, ако отидеш, ако отидеш. Ако отидеш, после оваа ноќ нека земе сè твојот допир благ. Ако отидеш в преграт некој друг нека згине сè, сè со твојот траг и тој раздел наш нека развее праг што ни значи нам оној мртов час. Макар денот нов носел само бол.