Рет қаралды 2,304
Ова е серија од пет видео поткасти со наслов „Црвени муабети“ која има за цел низ повеќе аспекти да отвори теми кои ќе одговорат на различни прашања поврзани со менструацијата и состојбата со менструалната правда во земјава.
Третата тема на разговор е „Менструацијата низ антрополошка призма“, каде Теодора Милеска (Период.Скопје) заедно со Јана Коцевска (Тиииит! Инк.) водат разговор со д-р Ана Ашталковска Гајтаноска, редовен професор на Институтот за етнологија и антропологија (ИЕА) при УКИМ - Скопје, и д-р Гоце Наумов, археолог вработен во Музејот на Македонија во Скопје. Разговорот опфаќа многу интересни аспекти за феноменот на менструацијата во традициските култури, нејзината манифестација во обредните практики на ова поднебје но и во светот, како и археолошките траги кои во различен период од развојот на овие хуманистички науки, бележат различни поимања за значењата на оваа физиолошка појава. Преку изучувањето на овие карактеритики испреплатани со симболи и значења, науката низ годините продуцирала знаење кое е прилично динамично, но што е најважно, многу е податливо за поимањето на родовите улоги и динамики во различните оптества и култури некогаш и денес.
Подкастот е дел од регионалниот проект „Нашите тела не се табу“ / 'Our Bodies Are Not Taboo. Period', што се спроведува во Северна Македонија, Косово, Албанија и Црна Гора поддржан од Франсцуските амбасади од секоја земја. Партнерски организации во проектот од Северна Македонија се ХЕРА и Тиииит! Инк. Соработници на овој поткаст се Период.Скопје.