Рет қаралды 690
Ова е серија од пет видео поткасти со наслов „Црвени муабети“ која има за цел низ повеќе аспекти да отвори теми кои ќе одговорат на различни прашања поврзани со менструацијата и состојбата со менструалната правда во земјава.
Втората тема на разговор е „Одржлива менструација“, каде Теодора Милеска и Наталија Крстевска (Период.Скопје) заедно со Јана Коцевска (Тиииит! Инк.) водат разговор со Kатерина Илијовска (Yes for Less) - дипломиран инженер технолог со магистратура во областа на енергетска транзиција и алтернативни горива, за предизвиците со практикувањето на одржлива менструација со цел заштита на животната средина како и здравствените аспекти на користењето разни брендови на менструални продукти.
Подкастот е дел од регионалниот проект „Нашите тела не се табу“ / 'Our Bodies Are Not Taboo. Period', што се спроведува во Северна Македонија, Косово, Албанија и Црна Гора поддржан од Франсцуските амбасади од секоја земја. Партнерски организации во проектот од Северна Македонија се ХЕРА и Тиииит! Инк. Соработници на овој поткаст се Период.Скопје.