Рет қаралды 4,946
Follow:
Facebook: / velevskaofficial
Instagram: / evelevska
Болен лежи млад Стојан
Болен лежи млад Стојан
болен лежи и ќе умре
над глава му младата невеста
с' машко дете на раце
солзи рони, солзите капат
по Стојаново лице.
Стојан се подразбуди
и тихо ѝ прозбори:
Ој, Невено ти млада невесто
што ми лади лицево
дали силна роса подроснува
или силни дождови?
А Невена му вели:
Стојане бре, мили стопане
ниту ситна роса подроснува
нити силни дождови.
Моите солзи по лице ти капат
од селански неправдини.
Синоќа кај чешмичето
селани се збираа
збор зборвеја кога ти ќе умреш
дете да ми задават
мене ќе ме земат, далеку однесат
за пари ме продадат.
Стилист/Stylist: Алмир Мили
VISUALS : Елена Велевска / Ноно