Рет қаралды 1,654
Колку е добар некој Hi-Fi аудио засилувач?
Колкава моќност има?
Колкаво изобличување има?
Каква е амплитудно-фреквенциската карактеристика?
Колкав шум има засилувачот?
На овие прашања можете сами да си дадете одговор, ако го измерите Вашиот засилувач само со помош на компјутер, аудио интерфејс и бесплатен софтвер.
Во ова видео го објаснувам процесот на мерење на сите поважни параметри на аудио засилувачите преку примерот на мерење на два Hi-Fi засилувачи, DENON DRA-275ED и Pioneer Reference A-656 Mark II.
- - - - - - - - - - - - - -
Посетете ја мојата веб страница. Таму ќе најдете интересни содржини од областа на радиотехниката, електрониката и телекомуникациите: www.qsl.net/z33t/
Посетете го мојот друг KZbin канал. Таму ќе најдете слични содржини од областа на радиотехниката, електрониката и телекомуникациите, како и некои видеа направени со дрон (моето второ хоби): / @milekokotov1964