Рет қаралды 17
Во 2024 година, Транспаренси Интернешнл- Македонија го подготви третиот по ред Национален систем за интегритет (НСИ) како дел од проектот: „ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција“, финансиран од страна на Европската Унија и Владата на Швајцарија.
Националниот систем за интегритет (НСИ) ги опфаќа главните институции за управување во земјата кои се борат против корупцијата. Во рамките на оваа анализа се оценуваат 15 столбови.
Националниот систем за интегритет (НСИ) ги опфаќа главните институции за управување во земјата кои се борат против корупцијата. Кога овие институции функционираат правилно, тие сочинуваат здрав и силен национален систем за интегритет, ефикасен во борбата против корупција како дел од поголемата борба против злоупотреба на моќта, недолично однесување и злоупотреба во сите нејзини форми.
Меѓутоа, кога овие институции се карактеризираат со недостаток на соодветни регулативи и со неодговорно однесување, корупцијата може да напредува, имајќи негативни ефекти врз општествените цели за правичен раст, одржлив развој и социјална кохезија. Затоа, зајакнатиот НСИ промовира подобро управување во една земја и придонесува за поправедно општество во целост.
Следните столбови се предмет на анализа: законодавна власт; извршна власт; судство; јавно обвинителство; агенции за спроведување на законите; Државна изборна комисија, Народен правобранител; Државен завод за ревизија; Државна комисија за спречување на корупција; политичките партии; медиумите; граѓанското општество; бизнисот и јавните претпријатија.
Ова видео е подготвено во рамките на проектот: „ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција“, имплементиран од Транспаренси Интернешнл- Македонија, а финансиран од страна на Европската Унија и Владата на Швајцарија.