Рет қаралды 28,538
Втора година по ред, Здружението „Бадникови поворки“ во соработка со Викторија Волак - сертифициран знаковен толкувач, на глувите лица им подарува Божикна песна. Овојпат тоа е „Вечниот Бог“ - една од најпопуларните Божикни каланди.
Драги наши! Отсега „Вечниот Бог“ нека пее и во Вашите души и нека Ве потсетува дека Христос се роди за секој од нас.
Да се радуваме и да го славиме Христа!
За многу години!