Рет қаралды 288
Роден е во 1865 година во Охрид и припаѓа на големиот род Кецкарови. Основното образование го добива во Охрид и Струга кај Григор Прличев и други учители. Потоа учи гимназија и военото училиште во Софија. Средното образование го завршува во 1887 година во Солунската машка гимназија
Во 1903 година е делегат на Смилевскиот конгрес на Битолскиот округ на ВМОРО, каде е избран во Горското началство за Охридскиот реон. За време на Илинденското востание дејствува со чета во регионот на Дебарца. По неуспешниот крај на востанието се повлекува во Бугарија.
Во 1908 година по Младотурската револуција се враќа во Македонија и работи како учител во Битола.
Кецкаров учествува во Балканската војна во составот на Седмата пешадиска рилска дивизија. Во 1913 година прави обид да се врати во Битола како учител во женската прогимназија, но е прогонет од српските власти. Подоцна за кратко е учител во Пиринска Македонија.
Се вклучува во редица дејности за потпомагање на бегалците од Македонија. Во меѓувреме, како и други Македонци, се вклучува во масонското движење со идејата, дека така може да допринесе за македонската кауза. Антон Кецкаров е еден од мајсторите на Големата масонска ложа на Бугарија.
Од февруари 1916 година е директор на прогимназијата во Битола, но во ноември истата година по промената на власта и влегувањето на силите на Антантата, заедно со голем дел од месната интелигенција бега. Во 1917 година за кратко е гимназијален учител во Скопје.
По завршувањето на Првата светска војна, продолжува со поддршката и помагањето на бегалците од Македонија
Во 1941 година, се враќа во Охрид, каде во 1945 година и умира.