Рет қаралды 1,077
Куќи и дворој испустени
Јас сум родена в' Македонија,
мала бев кога заминав,
в' туѓина младост поминав,
сега се вратив в' роден крај.
Кучиња ме лаат, ќе ме раскинат,
нема никој мене да ме одбрани.
Кучиња ме лаат, ќе ме раскинат,
нема никој тука јас не познавам.
Наши порти мајко не познав,
дворови бели коприви,
сред куќа густи капини,
гламња ми се срце направи.
Кучиња ме лаат, ќе ме раскинат,
нема никој мене да ме одбрани.
Кучиња ме лаат, ќе ме раскинат,
нема никој тука јас не познавам.
Роднини, мајко, не најдов,
нема кој порти да отвори,
клетва јас мајко оставам:
в' стари крај, мајко, ќе останам.
Кучиња ме лаат, ќе ме раскинат,
нема никој мене да ме одбрани.
Кучиња ме лаат, ќе ме раскинат,
нема никој тука јас не познавам