Рет қаралды 179
Капејнци (познато и како Капејнца) е мал водопад со длабок вир на реката Драгор над селото Дихово близу Битола, во местото познато како Сопоите. Поради густиот шумски предел во кој се наоѓа и природната убавина Капејнци е познато излетничко место, често посетувано од многу капачи во летниот период.