Рајна Спасовска ја сними песнава на 82-годишна возраст. Тогаш ги направи и последните снимки за продукција на Радио Скопје. Проектов со оркетарот Пеце Атанасовски не беше целосно успешно завршен. Некаде на половината од снимањата, почина нејзиниот син. По големо наговарање, се согласи до го продолжи започнатото. “Допеа“, но животот во неа беше згаснат. Почина на 86 гоини...
@dimnajuda3 жыл бұрын
Навистина жално што албумот никогаш не доживеа издание какво што заслужува. Нека ѝ е вечна слава!
@ristos.16103 жыл бұрын
Малку е погрешна информацијата, почина ќерка ѝ, но и за време на снимањето имаше мозочен удар кој остави последици на лицето и не можеше добро да пее, да изговара. Половина од песните се снимени пред ударот, а половина отпосле. Целата идеја и продукција беше на Веле Солунчев, како соработка на “Пеце Атанасовски оркестар“, Литиум рекордс издавач, и Профундус студио. Албумот беше целосно снимен и продуциран, дури со подготвен омот, информации и фотографии. Но во последен момент од изданието се откажаа токму Литиум и остана недовршено. Подоцна Профундус ги продаваше снимките по интернет или нешто слично. Синот Драги Спасовски е жив и здрав и живее во САД, и таму одржува концерти со македонска традиционална музика. Вечна слава за Рајна Спасовска!
@bobipijanmanov12893 жыл бұрын
Нашиот фолклор не овдешен Не е земски А верувам дека е ист и на другите народи Исток за сите е ист